[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

„ Минути пред несреќата “ (2018)

Проектот „Минути пред несреќата“ има цел да ја подигне јавната свест за безбедноста и здравјето при работа преку креирање на видео сведоштва од лица кои се соочиле со несреќи поврзани со работата. Проектот е поддржан од Македонско здружение за заштита при работа.

„Customs trade facilitation video series for Customs Administration of the RM“(2018 – 2019)

Во рамките на овој проект беа продуцирани современи, визуелно привлечни и лесно разбирливи едукативни и анимирани видео материјали за потребите на цариниците во обука, но истовремено погодни и за поширока дистрибуција и дисеминација на знаењето и разбирањето на царинските постапки до пошироката јавност. За потребите на проектот беа изработени вкупно 5 анимирани видеа на македонски и на албански јазик. Видеата се поставени на YouTube каналот на Царинската управа на Северна Македонија и слободни за бесплатно пристапување и се континуирано употребувани при обучување на нови кадри во Царинската управа.

„Изработка на шест интерактивни сликовници за деца“

Целта на проектот „Изработка на шест интерактивни сликовници за деца“ е да се креираат дигитални алатки за деца од 4 до 10 години, продуцирани во дигитален формат. Сликовниците се изработени на македонски и албански јазик и се достапни преку мобилната апликација „5+ Фамилија“.  Проектот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

„Trash Fashion “ (2011 – 2021 година)

„Trash Fashion“ е проект наменет за средните училишта кој во континуитет се спроведува 10 години и ги опфаќа сите средни училишта во Република Македонија. Со својот уникатен пристап, овој проект веќе 10 години ја поттикнува креативноста кај средношколците како и нивните заложби со своите акции да придонесат за подобрување на животната средина. Целта на овој проект е да го подигне нивото на свеста прво кај младите генерации и наставниците во нивната училишна заедница, а потоа и кај пошироката јавност, за потребата од зачувување на животната средина преку свесно и разумно однесување кон неа во секојдневниот живот. Проектот е поддржан од Град Скопје.

„ ТВ Училница “ – 2021

Проектот „ТВ училница“ имаше цел да обезбеди продолжување на образовниот процес во услови на пандемија за сите деца од предучилишна и училишна возраст. Секој ден на МТВ се емитуваше петчасовна програма во живо на пет јазици. Проектот беше поддржан од Конгресен сервисен центар, УНИЦЕФ и Швајцарска агенција за развој и соработка во Скопје.

„Дигитални градинки“ (2019-2021)

Целта на проектот е да се креираат дигитални едукативни материјали наменети за  наставници и  деца. Со овој проект ги поддржавме образовните институции преку образовната платформа на УНИЦЕФ (ЕДУИНО) со обезбедување веб-обуки за наставници и дигитални едукативни игри и сликовници за деца од предучилишна возраст. Проектот е поддржан од UNICEF.

„Дигитална етика“

Целта на проектот „Дигитална етика“ е развивање способност кај средношколците и останатите членови на училишната заедница за правилно користење на дигиталните алатки и развој и унапредување на дигиталната писменост со цел справување со предизвиците на актуелната здравствена криза како и унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишната заедница. Проектот се реализира со поддршка на Град Скопје.