Прасето кое сакаше да биде птица (5’) (2014)

Едно малечко прасе, одеше на училиште за птици. Но, бидејќи изгледаше многу поразлично од нив, и не можеше да лета, тие секогаш му се потсмеваа. Од таа причина, секој ден се обидуваше на многу различни начини да се промени и да изгледа послично на неговите соученици, птиците. Но за жал, не успеваше во тоа и птиците продолжуваа да се потсмеваат со него сè повеќе и повеќе. Еден ден, почна да паѓа пороен дожд, и птиците беа во голема неволја. Единствен кој можеше да им помогне, беше прасето.

РЕЖИСЕР

Елеонора Венинова