Краткиот филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера на 27то издание на Филмскиот фестивал во Сараево во официјалната селекција на кратки филмови.
Соло Мод е независен краткометражен филм инспириран од Covid 19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа. Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга - харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена.
Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски.
Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО Продукција за Македонија и Ана Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.
Соло Мод е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
Тамара Котевска е единствената режисерка од Македонија со 2 номинации од Нагрдите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм “Медена Земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов.
Следете ги новостите поврзани со филмот на страницата Solo Mode на Facebook.