ФИЛМ

Сите ќе умреме

Постојаната економска несигурност ги приморува работниците во штипската погребална служба да изнајдат други начини за да добијат повеќе работа во погребалното. Понекогаш, тоа значи правење бизарни зделки со локалната болница. Зоки, еден од работниците, се чувствува се’ поскршено поради пресметливата и лукава конкуренција, прашувајќи се дали навистина парите се најважни во животот?

Solo Mode

краток филм (2021)

Соло Мод е независен краткометражен филм инспириран од Covid 19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.

Слобода на движење

Во 2014 година младиот Сафват заедно со неговите 2 браќа и сестра го напуштаат својот дом и родители во Алепо, Сирија и тргнуваат кон исполнување на својот сон. Патот го води низ Македонија.

Шарената куќа

краток филм (2021)

Прасето кое сакаше да биде птица (5’) (2014)

Едно малечко прасе, одеше на училиште за птици. Но, бидејќи изгледаше многу поразлично од нив, и не можеше да лета, тие секогаш му се потсмеваа. Од таа причина, секој ден се обидуваше на многу различни начини да се промени и да изгледа послично на неговите соученици, птиците. Но за жал, не успеваше во тоа и птиците продолжуваа да се потсмеваат со него сè повеќе и повеќе. Еден ден, почна да паѓа пороен дожд, и птиците беа во голема неволја. Единствен кој можеше да им помогне, беше прасето.