OXO

Проекции на кратки филмови во продукција и ко-продукција на Охо во Кинотека

Во Кинотека на Македонија денеска и во петок на 15 октомври ќе има проекции на кратки филмови во продукција и копродукција на Охо. 

Со почеток од 18часот, најмалите фанови на „5+ фамилија“ ќе имаат можност да го погледнат првиот долгометражен филм на Петко и другарите, под наслов „Тајниот изум“, во режија на Дина Дума, а по сценарио на Билјана Црвенковска. По сценарио и режија на Елеонора Венинова, ќе бидат прикажани и кратките анимирани филмови за деца: „Прасето што сакаше да биде птица“ и „Човекот што го украде Сонцето“, наведоа од Охо Продукција.

„Во блокот кратки документарни филмови ќе бидат прикажани и: „Поделено општество“ по сценарио на Сашо Ордановски, а во режија на Александар Ристоски и „Слобода на движење – Приказната на Сафват“ по сценарио и режија на Сашко Потер Мицевски, информираа од продукцијата.